Комисијата за заразни болести препорачала да нема промени на рестриктивните мерки на утринскиот состанок во Министерството за здравство.
Loading...
Предлогот е на сила да остане полицискиот час од полноќ до 4 часот и работното време на угостителите да трае до 23:30 часот уште две недели, пренесуваат националните медиуми.
Предлогот за олабавување на мерките, беше даден минатиот понеделник врз основа на епидемиолошката состојба, односно намалениот број на новозаразени и ослободувањето на поголем дел од болничките капацитети.
Засега нема потврда кога може да се очекува целосно укинување на рестриктивните мерки.
Никола Ивановски