Нема градење бегалски кампови во Којнаре, велат од месната заедница

Сподели со своите пријатели

Наводите на одредени национални портали дека во Долно Којнаре ќе се гради бегалски камп се чиста дезинофрмација, велат денеска мештаните на оваа кумановска месна заедница.

Теренот е предвиден за изградба на фудбалско игралиште и патека за мотоцикли, вели претседателот на месната заедница Долно Којнаре, Зоран Петрушевски.

– Како претседател на Месна заедница Долно Којнаре ја уверувам целата јавност дека тука нема да се гради бегалски камп, тука е предвиден спортски објект, фудбалско игралиште, а лево од мене ќе има патека за мотоцикли, како Забел исто и тука ќе биде. А сите што шпекулираат грешат, кампањата ја користат за политички поени и го уверуваат народот дека тука ќе се гради некој камп и многу поодамна рпед 10-15 години се шпекулираше дека тука Ромите ќе ги иселуваме од Куманово и тука ќе бидат доселени, тоа помина, исто и ова ќе помине и ги замолувам сите политички партии да не користат некои црни кампањи, да не го злоупотребуваат оваа. Ние се заложивме како месна заедница да изградиме од една депонија како сите што ја знаат, да изградиме спортски објекти со помош на Детоил фирма што ни излезе во пресрет да го изгради ова, со донација од Детоил и ние со помош на месна заедница, како што гледате тука спортски терени ќе бидат – Зоран Петрушевски, МЗ Долно Којнаре.

На иницијативата за изградба на спортски терен во оваа населено место се заложува и месната заедница Горно Којнаре, вели тамошниот претседател Јовица Спасовски кој додава дека депонијата која тука се наоѓа на тој начин ќе биде затворена и трајно решена.

– Покрај спортските комплекси планираме да направиме некое пошумување, засадување на зимзелени дрвја, да се направи еден рекреационен комплекс и во блиска иднина оваа ругло на општина Куманово, на месната заедница, на Република Македонија, да биде затворено и трајно решено и овде луѓето да доаѓаат, да се рекреираат да се натпреваруваат, бидејќи оваа игралиште мислам дека ќе го користат не само фудбласкиот клуб од Долно Којнаре туку и други екипи што тука ќе учествуваат, што ќе се натпреваруваат и ова ќе биде и за двете села една убава работа што во блиска иднина сите млади ќе ја користат од тука –вели Спасовски.

Изминатиот период граѓански иницијативи собираа потписи притв наводна изградба на бегалски кампови, како во Куманово, така и во останатите општини, поднесоа барања за рефенрендуми на кои граѓаните би се изјасниле по однос на тоа прашање, но државата забрани распишување референдуми за бегалци.