Нема да остане летното сметање на времето

Сподели со своите пријатели

Летното сметање на времето нема да продолжи, односно ноќта меѓу 29 и 30 октомври стрелите на часовникот ќе треба да се поместат за еден час наназад и да се премине на зимското сметање.

Loading...

Владата првично најави можност да се задржи летното сметање на времето со цел да се заштеди електрична енергија, но го задолжи Министерството за економија да ги направи потребните проценки заедно со анализи на Бирото за метеорологија и Македонската академија на науките уметностите (МАНУ).

Што точно овие институции одговориле засега не е познато, но од Владата најавуваат детали откако ќе одржат седница.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Димитриевски: ЗНАМ ќе ја врати правдата во Македонија (ФОТО)

Летното сметање на времето е воведено од економски причини, да се зголеми продуктивноста при работење на дневна светлина. Тоа е воведено пред еден век, а нормално сметање на времето е зимското.