Неколку сигнали дека страшно му недостасувате на вашето дете

Сподели со своите пријатели

Постојат одредени периоди во текот на кој децата сакаат да поминат повеќе време „еден на еден“ со родителите од вообичаеното. Знаете, кога неколку дена по ред останувате подолго на работа па кога ќе се вратите сте преморени, топло ви е и не ви е до ништо.. А децата ве скаат. Еве како да препознаете кога е време ги оставите и неиспегланите алишта и влаканите садови. Сето тоа може да почека, да се изиграте.

Loading...

Овие промени во однесувањето на децата укажуваат на тоа дека им недостасувате повеќе од што знаат да кажат.

Ако тешко се будат, спори се и одолговлекуваат, најчесто е во прашање тоа што сакаат малку галење и малку повеќе внимание, макар и додека им помагате да се облечат или да ги измијат забите, иако веќе знаат тоа да го направат и самите.

Одвојте малку време, тие пет минути галење ќе бидат прекрасен почеток на денот за децата.

Прекрасно би било да сте тука, кога децата се враќат од училиште или сакаат некои активности. Тогаш секогаш зборуваат најмногу и тоа е одлична можност да се поврзете и да бидете во ток со она што им се случува.

Ако не го можете тоа да го изведете поради работата, погрижете се кога ќе влезете во домот да посветите малку време и за нив. Прашајте ги како го минале денот, како било во градинка, што е најинтересното што им се случило тој ден.

Кога почнува училиштето бидете тука кога станува збор за домашното. Не дека треба да го завршите наместо нив, тоа никому не му донело нешто добро, туку само како „поддршка од позадината“.

И уште еден важен сигнал дека им недостасувате на децата е кога вашето инаку добро дете се однесува „невозможно“.

Loading...

Кога се немирни, децата само им порачуваат на родителите дека им се потребни. Што побрзо тоа го сфатите и што побргу го оставите телефонот, весникот, или што и да правите, и им посветите малку повеќе внимание, толку подобро.

Не се залажувајте, децата никогаш не се „невозможни“ без причина, а времето кое го минувате седејќи со нив во собата, но и скролајќи по телефонот не е квалитетно минато време.

Децата бргу растат, додека трепнете, повеќе нема да ве повикуваат да ги погалите пред спиење или наутро кога ќе се разбудат. Искористете го драгоценото време додека се сосема мали и уживајте во секој момент.

Leave a Reply