Неколку кумановски улици денес ќе останат без електрична енергија

Сподели со своите пријатели

За текот на денешниот ден неколку улици од Куманово ќе останат без електрична енергија поради планиран прекин од страна на ЕВН Македонија, информираат од Регионалниот центар за управување со кризи.

Прекини ќе има на улиите: „Боро Прцан“, „11­ти Ноември“, „Шумски Пат“, „Никшичка“, „Титова Митровачка“ и „Б.Б.Гуцман“ во периодот од 08,30 – 15,30ч.

Прекините се должат на интервенција во електродистрибутивната мрежа со цел подобрување на услугата на корисниците. Во овој момент нема поголеми дефекти и прекини во снабдувањето.


Comments are closed, but trackbacks and pingbacks are open.