Неколку кумановски села денес ќе останат без електрична енергија

Сподели со своите пријатели

Во период од 8:30 до 15:30 часот без електрична енергија ќе бидат селата: Кшање, Кокошиње, Пезово, Кутлибег и Мургаш, информираат од Регионалниот центар за управување со кризи.

Станува збор за најавен прекин од страна на ЕВН Македонија поради интервенција во електро дистрибутивниот систем со цел подобрување на услугата на корисниците.

Во моментот нема дефекти ниту поплаки околу снабдувањето со електрична енергија во општините, велат од ЕВН Македонија.