Неколку кумановски села без електрична енергија

Сподели со своите пријатели

Четири села од кумановскиот регион денеска ќе останат без електрична енергија по претходна најава од страна на ЕВН Македонија, информираат од Регионалниот центар за управување со кризи.

Станува збор за селата: Габреш, Кучкарево, Градиште и Орман кои без електрично напојување ќе бидат во периодото од 8:30 до 15 часот. Причина за исклучувањето на електричната енергија е поради надградување и реновирање на веќе постоечката електродистрибутивна мрежа.