Неделна временска прогноза за Куманово: Подгответе се за дожд и заладување!

Сподели со своите пријатели

Времето денеска во Македонија ќе биде со свежо утро, претпладне сончево, а од пладневните часови и особено на северот облачноста ќе се зголемува.

Loading...

Ќе дува слаб до умерен ветер кој вдолж Повардарието ќе биде југоисточен. Минималната температура ќе биде во интервал од 6 до 14, а максималната од 27 до 33 степени, информираат од Управата за хидрометеоролошки работи.

 

 

Во Куманово и околината денеска ќе имаме претежно сончево време со мала обчаност. Ќе дува слаб ветер од југозападен правец. Температурата во утринските часови ќе изнесува 15 степени, додека максималната дневна се очекува да достигне 31 степен целизусов.

 

Loading...

 

Утре во кумановско ќе имаме услови за нестабилност, особено во попладневните часови. Времето ќе биде облачно со сосема кратки сончеви периоди, а зголемената облачност се очекува да донесе и услови за дожд проследени со електрични празнења. Температурата ќе се движи од 15 степени во утринските часови до максимални 24 во текот на денот.

Среда носи слично време. Ќе биде облачно со врнежи од дожд во комбинација со електрични празнења. Температурата во утринските часови ќе изнесува 13, додека максималната дневна 21 степен целзиусов.

Преодно стабилизирање на времето нѐ очекува в четврток. Ќе биде сончево до умерено облачно. Температурата во утринските часови ќе изнесва 11 степени, додека максималната во текот на денот ќе достигне до 18 степени целзиусови.

 

 

Облачно време ќе имаме на крајот на работната недела. Во петок нема да имаме сонце, а температурата во утринските часови ќе биде значително пониска. Минималните ќе се движат околу седум степени, додека дневниот максимум се очекува да достигне до 19 степени целзиусови.

Loading...

За време на претстојниот викенд ќе имаме претежно стабилно време.

Во сабота ќе имаме претежно сончево време со мала обчаност. Температурата во утринските часови ќе биде уште пониска и ќе изнесува околу шест степени, додека дневниот максимум се очекува да достигне до 18 степени целзиусови.

Слично време ќе имаме и во недела, кога дневниот максимум ќе достигне 19 степени, по утринските шест.

 

 

Претежно стабилното време ќе се задржи и во текот на следната работна недела.

Никола Ивановски

Loading...