Неделна временска прогноза за Куманово

Сподели со своите пријатели

Времето денеска во Македонија ќе биде сончево со мала локална облачност, информираат од Управата за хидрометеоролошки работи.

Loading...

Ќе дува умерен, долж Повардарието повремено силен ветер (до 60 км/час) од северозападен правец.

Минималната температура ќе биде во интервал од 10 до 21, а максималната ќе достигне од 27 до 35 степени.

 

 

Во Куманово и околината денеска ќе имаме сончево до умерено облачно време. Ќе дува слаб до засилен ветер од северен правец.

Утринската температура ќе се движи околу 13 степени, а максималната дневна се очекува да достигне 29 степени целзиусови.

Loading...
ПРОЧИТАЈТЕ И:  Куманово – единствена општина со бесплатен превоз за сите спортски клубови

 

 

Утре во кумановско ќе имаме сончево и топло време. Ќе дува слаб до силен ветер од северен правец. Температурата ќе биде во интервал од 16 степени во утринските часови до максимални 30 во текот на денот.

И во среда ќе имаме сончево и топло време. Повторно ќе продолжи да дува северниот ветер од слаб до умерено засилен интензитет. Утринската температура ќе се движи околу 16 степени, а максималната дневна се очекува да достигне 31 степен целзиусов.

Четврток носи уште потопло време. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен, односно северозападен правец. Температурата во утринските часови ќе се движи околу 15 степени, а дневниот максимум се очекува да достигне 33 степени целизусови.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Голем пожар во Длабочица, гори мешана и борова шума (ВИДЕО)

 

Loading...

 

Петок носи исто така сончево и многу топло време. Ветерот ќе го смени правецот и ќе дува од запад со слаб до умерен интензитет. Во утринските часови ќе имаме температури околу 16 степени, а максималната дневна се очекува да достигне 35 степени целзиусови.

Сончево со мала до умерена облачност ќе биде времето в сабота, кога ќе дува слаб до умерен ветер од северен, односно североисточен правец. Температурата ќе се движи во интервал од 18 степени во утринските часови до максимални 32 во текот на денот.

Слично време ќе имаме и во недела, кога дневниот максимум се очекува да достигне 32 степени целзиусови.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Едно лице повредено при гаснење на пожарот во Длабочица

 

 

И во текот на следната работна недела ќе се задржи претежно слично време.

Loading...

Никола Ивановски