Неделна временска прогноза за Куманово

Сподели со своите пријатели

Времето денеска во Македонија ќе биде сончево и топло со умерена облачност, информираат од Управата за хидрометеоролошки работи.

Loading...

Кон крајот на денот во североисточните делови ќе има локален дожд. Ќе дува слаб до умерен југозападен, а во западните делови умерен до засилен западен ветер.

Минималната температура ќе биде во интервал од 7 до 12, а максималната ќе достигне од 21 до 29 степени.

 

 

Во Куманово и околината денеска ќе имаме сончево до умерено облачно време. Температурата ќе се движи од 10 степени во утринските часови, до максимални 24 во текот на денот.

 

Loading...

 

Утре ќе имаме променливо облачно време со услови за дожд во попладневните часови. Утринската температура ќе изнесува осум степени, а максималната дневна се очекува да достигне до 22 степени целзиусови.

За еден степен потопло ќе биде в среда кога ќе имаме претежно сончево време. утринската температура ќе изнесува девет степени, а максималната дневна 23 степени целзиусови.

Слично ќе биде и во четврток кога ќе имаме дневн максимум од 19 степени.

 

 

Loading...

Посвежо ќе биде во петок, но ќе се задржи претежно сончево време. Утринската температура ќе изнесува седум степени, а максималната дневна се очекува да достигне 15.

Претстојниот викенд ќе имаме сончево и стабилно време.

Во сабота дневниот максимум ќе достигне 21, а во недела 22 степени целзиусови.

 

 

Слично време ќе се задржи и во текот на следната работна недела.

Никола Ивановски

Loading...

Leave a Reply