Неделна временска прогноза за Куманово

Сподели со своите пријатели

Времето денеска претпладне во Македонија ќе биде сончево со мала до умерена облачност и со слаба магла по одделни котлини, информираат од Управата за хидрометеоролошки работи.

Loading...

Попладне облачноста ќе се зголеми и на места ќе има услови за слаб дожд. Ќе дува слаб до умерен ветер од западен и северозападен правец.

 

 

Во Куманово и околината денеска ќе имаме сончево до умерено облачно време. Ќе дува слаб ветер од забаден, односно југозападен правец. Утринската температура ќе биде еден степен во позитива, а дневниот максимум се очекува да достигне до 13 степени целзиусови.

Ноќта од понеделник кон вторник ќе настапи зголемување на облачноста што уште во текот на ноќта може да донесе слаби врнежи од дожд.

 

Loading...

 

Во вторник во кумановско ќе имаме облачно време со врнежи од дожд. Утринската температура ќе биде два степени, а максималната дневна ќе изнесува 11.

Среда носи пад на температурите. И натаму ќе продолжи врнежливото време. Утринската температура ќе се спушти три степени под нулата, а дневниот максимум се очекува да достигне до седмиот степен.

Стабилизирање на временската состојба се очекува во четврток кога ќе имаме сончево до умерено облачно време. Температурата во утринските часови ќе биде повторно во негатива и ќе изнесува -3 степени, а дневниот максимум ќе се искачи до девет степени целзиусови.

Позначително зголемување на температурата ќе има во петок, кога утринската температура ќе биде околу нулата, а дневниот максимум повторно ќе биде до 13 степени.

 

Loading...

 

Викендот ќе биде без врнежи и според сегашните најави со повисоки температури.

Во сабота ќе имаме претежно облачно, но суво време со кратки сончеви периоди. Температурата во утринските часови ќе се спушти до нула, а дневниот максимум ќе се искачи до 13 степени.

Топло и стабилно ќе биде во недела кога ќе имаме сончево до умерено облачно време со температури од два степени во утринските часови до максимални 16 во текот на денот.

 

 

Слично време ќе се задржи и на почетокот на следната работна недела.

Loading...

Никола Ивановски


Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *