Неделна временска прогноза за Куманово

Сподели со своите пријатели

Времето денеска во Македонија ќе биде сончево со мала до умерена облачност, во утринските часови со услови за магла по одделни котлини, информираат од Управата за хидрометеоролошки работи.

Loading...

Ќе дува слаб до умерен ветер претежно од западен правец.

Минималната температура ќе биде во интервал од 3 до 10, а максималната ќе достигне од 17 до 24 степени.

Во Куманово и околината денеска ќе имаме сончево до умерено облачно време. Температурата ќе се движи од утрински 5, до максимални дневни 17 степени целзиусови.

 

 

Слично ќе биде времето и во вторник и среда кога максималната дневна температура ќе достигне 18 степени целизусови.

Loading...

Од четврток дневните температури ќе започнат да опаѓаат, па така овој ден ќе имаме сончево до умерено облачно време со дневен максимум од 17 степени.

Веќе петок носи за еден степен пониска дневна температура.

За време на претстојниот викенд ќе имаме сончево до умерено облачно време со максимални 15 во сабота и 14 во недела.

 

 

Никола Ивановски

Leave a Reply