Неделна прогноза за Куманово: Температурите во пораст

Сподели со своите пријатели

Како што информираат од Управата за хидрометеоролошки работи, утрово времето низ Македонија ќе биде умерено до значително облачно, особено во западните делови.

Loading...

Уште од претпладне облачноста ќе се намалува, па ќе преовладува сончево време со мала до умерена локална облачност.

Ќе дува слаб до умерен ветер од северозападен правец. Максималната температура ќе биде во интервал од 4 до 12 степени.

 

 

Во Куманово и околината денеска ќе имаме сончево до умерено облачно време. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец.

Температурата во утринските часови ќе се движи околу три степени под нулата, додека максималната дневна се очекува да се искачи до осмиот степен.

Loading...
ПРОЧИТАЈТЕ И:  50 хектари површина изгоре во пожарот во Ваксинце и Слупчане

 

 

Утре во кумановско ќе имаме претежно облачно време со кратки сончеви периоди. Ќе дува слаб до засилен северен ветер. Утринската температура ќе се движи околу нулата, додека максималната дневна ќе се искачи до шестиот степен целзиусов.

Среда носи сончево време со мала до умерена облачност и умерен до засилен ветер од северен правец. Температурата ќе се движи во интервал од -6 степени во утринските часови, до максимални осум во текот на денот.

Веќе од четврток ќе имаме повисоки температури. Времето ќе биде сончево со слаб до умерен ветер од северен, односно северозападен правец. Температурата во утринските часови ќе се движи околу три степени во негатива, а дневниот максимум ќе се искачи до 11 степени.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  „БМВ“ се запалило во движење на булеварот „Октомвриска револуција“

 

Loading...

 

Сончево време ќе имаме и во петок кога ќе дува слаб до умерен северен, односно северозападен ветер. Утринската температура ќе се движи околу нулата, а максималната дневна ќе се искачи до 12 степени целзиусови.

Сабота носи сончево време со мала облачност и слаб ветер од исток. Температурата во утринските часови ќе се движи околу еден степен под нулата, а дневниот максимум ќе достигне дури до 15 степени.

Слично време ќе имаме и во недела кога ќе дува слаб до умерено засилен северен ветер. Минималните утрински температури ќе се спуштат до вториот степен, а дневниот максимум ќе се достигне до 14 степени целзиусови.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Изгаснат пожарот во Длабочица, изгореа 50 хектари бор и даб

 

 

Благ пад на температурите ќе има во текот на следната работна недела.

Loading...

Никола Ивановски