Неделна прогноза за Куманово: Од 22 до 32 степени

Сподели со своите пријатели

Денеска во утринските часови во Македонија времето ќе биде променливо облачно, во текот на претпладнето со умерена облачност.

Loading...

Попладне облачноста ќе се намали и ќе биде претежно сончево, информираат од Управата за хидрометеоролошки работи.

Ќе дува умерен до засилен ветер од северозападен правец, особено долж Повардарието.

Минималната температура ќе биде во интервал од 10 до 20, а максималната ќе достигне од 20 до 28 степени.

 

 

Во Куманово и околината денеска ќе имаме сончево до умерено облачно и посвежо време. Ќе дува слаб до умерено засилен ветер од северен правец.

Loading...
ПРОЧИТАЈТЕ И:  Димитриевски се сретна со градоначалничката на Ловеч (ФОТО)

Утринската темепратура ќе се движи околу 10 степени целзиусови, а максималната дневна се очекува да достигне до 22 степени.

 

 

Утре во кумановско ќе имаме претежно сончево време со мала облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Температурата во утринските часови ќе се движи околу осмиот степен, а дневниот максимум се очекува да достигне до 24 степени целзиусови.

Сончево до умерено облачно време ќе имаме и во среда. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец. Во утринските часови ќе имаме температура околу 12 степени целзиусови, а дневниот максимум ќе биде повисок и ќе достигне 27 степени целзиусови.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Утре без струја неколку локации во кумановско

Четврток веќе носи сончево време со мала облачност, но со висока дневна температура за овој период од годината. Ќе дува слаб до умерен ветер од југ, односно југоисток. Утринската температура ќе се движи околу 14 степени, а дневниот максимум се очекува да се искачи до 32 степени.

 

Loading...

 

Слично време со нешто поголема облачност ќе имаме и во петок. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен, односно североисточен правец. Температурата во утринските часови ќе се движи околу 15 степени, а дневниот максимум ќе се искачи до 32.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Почна изградбата на фекална канализација во селото Проевце

Сабота носи зголемување на облачноста и мал пад на дневните температури. Ќе дува слаб до засилен ветер од северен, односно северозападен правец. Температурата ќе биде во интервал од 13 степени во утринските часови до 27 во текот на денот.

Претежно облачно време со сосема кратки сончеви периоди ќе имаме во недела. Ќе дува слаб до умерен ветер од југ, односно југоисток. Утринската температура ќе се движи околу 10 степени, а дневниот максимум се очекува да достигне само 19 степени.

 

 

Loading...

Слично време ќе се задржи и следната недела, но со пониски дневни температури.

Никола Ивановски