Не му се допаднала песната, па со чаши и флаши гаѓал девојка од Крива Паланка

Сподели со своите пријатели

Во 01.30 часот по полноќ на Новогодишната ноќ во Полициската станица Крива Паланка Е.С. (24) пријавила дека истиот ден околу 01.15 часот во угостителски објект во Крива Паланка, каде што пуштала музика, лицето А.Н. (24) од село Опила започнал да фрла со шишиња и чаши кон нејзе затоа што не му се допаднала песна, информираат од Министерството за внатрешни работи.

Екипа на Полициската станица Крива Паланка излегла на местото на настанот. Се превземаат мерки за целосно расчистување на случајот.


Comments are closed, but trackbacks and pingbacks are open.