Не ја скратила косата 30 години: Фрузира каква што немате видено до сега (ФОТО+ВИДЕО)

Сподели со своите пријатели

Ако сонувате за исклучително долга и здрава коса, прочитајте ги советите на девојката која, благодарение на нејзината фризура, стана ѕвезда на Инстаграм.

Loading...

Грижата за долга и здрава коса зависи првенствено од два фактори. Првиот се однесува на трпеливоста и многу труд што треба да го вложите за да остане здрава подолг временски период.

Покрај грижата, важна е и генетиката. Тенката коса која е склона кон кршење нема да задржи здрав изглед и волумен, без оглед колку вложувате за одржување на истата.

Освен ако не ги исполнете горенаведените услови, тешко дека ќе можете да ја пуштите до земјата.

За Алена Кравченко (34) од Украина се вели дека е Златокоса од модерното време затоа што успешно ја негува својата коса долга 1,8 метри.

https://www.instagram.com/p/BxrK-Ynlp62/?utm_source=ig_embed&utm_campaign=loading

Таа уште од пет години ја пушта косата, а за тоа е одговорна нејзината мајка.

„Мајка ми всади во мене љубов кон долгата коса“, објаснува Алена.

Таа не ја скратила косата речиси 30 години. И покрај тоа што косата на Алена е подолга од нејзината висина, таа нема намера да ја скрати.

Loading...
https://www.instagram.com/p/BwbxWwhIXUR/?utm_source=ig_embed

– Љубовта кон косата и плетенката е толку силна што во ниту еден момент од животот не сум размислувала да ја сменам фризурата. Не можам да замислам да имам различна боја на коса или различна фризура – вели Алена.

Грижата за косата подразбира многу труд, но Алена ги исполнува сите свои обврски.

– Не е тешко за мене, напротив. Негата за коса е радост за мене бидејќи косата со години ми беше заштитен знак. Таа е моја убавина и богатство – вели Алена.

https://www.instagram.com/p/BuYkUGTFjjF/?utm_source=ig_embed

Девојчето од Одеса тврди дека нејзината коса е од витално значење затоа што се суши на сосема природен начин.

– При сушење на косата не користам фен, не користам прегли и преси за кадриците. Само оставам да се исуши целосно природно. Ја мијам косата еднаш неделно. Јас користам природни маски и масла за нега. Квалитетот на козметиката е многу важен, но мора да биде природен. Она што го користам е направено од суво овошје, ореви и домашно сирење – објаснува Алена.

https://www.instagram.com/p/B5cOK8jhVv2/?utm_source=ig_embed

Leave a Reply