Не фрлајте ги искористените кесички чај, можат да бидат многу корисни

Сподели со своите пријатели

Кога ќе испиеме шолја чај, искористената кесиќка, секако завршува во сметот. Тоа може да се нарече залудно расипување, од причина што таа кесичка на повеќе начини повторно може да се искористи, а еве и како.

Loading...

Садови

Кога ги миете садовите, веќе искористената кесичка чај можете да ја употребите затоа што има дезинфекциски ефект. Со помош на чајот, садовите повторно можат да станат сјајни и чисти. Потопете ги во судоперот, наполнете со вода и додадете три искористени кесички чај. Оставете да одстои во текот на ноќта и следното утро ќе бидете во можност многу лесно од нив да ја отстраните нечистотијата.

Кошулата повеќе нема да ви се извлекува во панталоните со помош на овие трикови (ВИДЕО)

Ориз

Ако сакате ориз, но понекогаш би посакале да го „зачините“ неговиот благ вкус, кесичката чај може да ви биде од помош. Кога готвите ориз, додадете и искористена кесичка чај во водата. Тоа ќе даде посебен вкус на оризот.

Растенија

Растенијата кои го уркасуваат вашиот дом, исто така можат да имаат корист од чајот. Тој има својство на заштита од габи и влага. Во зовриена вода додадете ја искористената кесичка чај. Кога ќе се олади, наводнете ги растенијата со таа вода.

Loading...

Непријатни мирис

Чајот има моќ да ги прикрие непријатните мириси. Можеби не е лоша идеја да се стави искористената кесичка чај на дното на кантата за смет или во садот за нужда на вашата мачка.

Со помош на овие трикови ќего изберете идеалниот пар фармерки (ВИДЕО)

Купка

Можете да ја искористите кесичката чај како додаток во вашата купка и ќе добиете ефект на смирувачка мирисна нота. Исто така, антиоксидансите кои се наоѓаат во чајот се добри за лошата кожа. За целосно чувство на релаксација, користете чај од камилица или јасмин.

Каснување од инсекти

Loading...

Ставете изладена искористена кесичка чај на каснатото место и чешањето моментално ќе се намали. Истиот трик важи и кога ќе изорите на сонцето.

ПАСТА ЗА ЗАБИ: Трикови кои ќе ви го олеснат секојдневниот живот (ВИДЕО)

Коса

Ако имате проблеми со зачестено мастење на косата, чајот може да ви помогне.в о топла вода потопете три до четири искористени кесички чај и оставете ги да отстојат половина час. Откако ќе ја измиете косата со шампон, прелијте ја косата и со „вода од чајот“ и не мијте ја веднаш. Дополнителен совет: ако користите чај од камилица, а имате руса коса, можете дополнително да ја осветлите. На бринетите им се препорачува црн чај за бакарен сјај на косата.

Тепих

Имате прекрасрен тепих во дневната соба, но повеќе не мириса толку убаво? Прес чистењето, сува содржина од кесичката за чај сипете преку тепихот и оставете кратко да отстои.

Loading...

Обувки

На ист начин како и со тепихот, кесичката чај може да ви помогне и со обувките. Оставете ја искористената сува кесичка чај преку ноќта во внатрешноста на обувките и непријатниот мирис ќе биде минато.

Leave a Reply