НЕ Е ШЕГА: Скоро половина од Американците веруваат дека диносаорусите сѐ уште ја населуваат Земјата

Сподели со своите пријатели

Кога „Паркот од времето на Јура“ се претвори од блокбастер во теорија на заговор? Многумина си го постаивле оваа прашање кога истражувањата покажаа дека скоро половина од Американците веруваат дека диносаурусите сè уште постојат во некои делови на светот.

Loading...

Истражувањето е спроведено од „Boat Rocker Studios“, кое наскоро ќе го прикаже цртаниот серијал Dino Ranch наменет за деца од предучилишна возраст на детскиот канал на Дизни.

 

 

Истражувачите испитале 2.000 возрасни Американци и откриле дека четири од 10 испитаници веруваат дека диносаурусите исчезнале пред 2.000 до 10.000 години, иако одамна е докажано дека тие исчезнале пред 66 милиони години.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Денеска е светски ден посветен на левораките

Покрај тоа, околу 20 проценти од Американците веруваат дека изумреле пред само 100 години.

Околу 30 проценти веруваат дека диносаурусите и луѓето живееле на Земјата во исто време.

Loading...

Секоја четврта личност верува дека диносаурусите живееле со слонови, иако науката има потврдено дека слоновите потекнуваат 10 милиони години по истребувањето на диносаурусите.

 

 

Приближно 54 проценти од испитаниците тврдат дека живееле само во Африка и Северна Америка.

Покрај тоа, секој од испитаниците требало да именува најмалку четири видови диносауруси, од илјадници познати, и како што се очекувало, повеќето знаеја само тираносаурус рекс.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Инстаграм ја обожава, има 140.000 следбеници: Но, не е реална! (ФОТО)

Нешто повеќе од една третина успеале да се сетат на бронтосаурусот кој стана популарен поради детскиот филм Земја пред почетокот на времето.

Сепак, 54% не успеале да ги именуваат трицератопите, диносаурус со три рога, што исто така се појавува во споменатиот филм.

Loading...

„Диносаурусите продолжуваат да нè фасцинираат, а ние сè уште имаме толку многу за што не знаеме“, вели палеонтологот професор Стив Брусати од Универзитетот во Единбург.

 

 

„Новите откритија направени од нови генерации научници навистина ја сменија научната перцепција за тоа што всушност биле диносаурусите. Сега знаеме дека тие биле паметни, активни, динамични животни повеќе како птици отколку огромни лушпести гуштери, како што тие често се прикажуваат“, додава професорот.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Оптичка улузија открива колку сте им привлечни на другите

„Ако сакаме да бидеме прецизни, диносаурусите никогаш не исчезнале целосно – птиците потекнуваат од диносаурусите, што всушност ги прави диносауруси“, заклучува професорот Брусати.