Навивачката група ”Кумани” најавува спектакл за првиот тренинг на КК Куманово

Сподели со своите пријатели

Навивачката група ”Кумани” на социјалните мрежи повика на спектакл по повод првиот официјален тренинг на КК Куманово закажан за 31 август во 19 часот.

Loading...

Од друга страна, кошаркарскиот клуб ”Куманово 2009” за ова сезона најавува жестока борба и успех со учеството во ФИБА еврокуп.

Првиот натпревар во рамките на ФИБА стартува на 28 октомври, кога КК Куманово се среќава со ТУРК Телеком.

Екипата на КК Куманово за ова сезона ги обнови договорите со Урош Луковиќ, Вукашин Мандиќ,  Димитар Караџовски, Марјан Јаневски, Александар Костоски, но и потпиша нови договори со Ентони Ли Интграм, Миодраг Тодоровиќ и Игор Бјелиќ, раководени од тренерот Љубисав Луковиќ.