Навални префрлен во друг затвор, неговите адвокати тврдат дека не знаат каде e

Сподели со своите пријатели

Рускиот опозициски лидер Алексеј Навални беше префрлен од казнената колонија каде ја отслужуваше казната во подобро обезбеден затвор.

Loading...

Политичарот е префрлен во затворот со максимално обезбедување во Мелехово во Владимирската област, објави рускиот државен медиум ТАСС, повикувајќи се на Сергеј Јазан, претседателот на регионалната комисија за јавен надзор.

Јазан во вторникот за ТАСС изјави дека Навални пристигнал во затворот.

Сепак, портпаролката на Навални Кира Јармиш на Твитер објави дека и покрај пишувањата во медиумите, тимот на Навални не добил потврда за неговиот трансфер во Мелехово.

Овој потег е во согласност со наредбите на судијата за време на изрекувањето на пресудата во март, кога московскиот суд го осуди Навални на дополнителни девет години максимална безбедност.

Московскиот суд го осуди Навални под обвинение за измама поради наводите дека украл пари од неговата Фондација за борба против корупцијата, јавува Си-Ен-Ен.

Навални го спомна очекуваниот потег во објавувањето на Телеграм во мај, пишувајќи мрачно дека Гау Мелехова го чека „затвор во затвор“.

– Мојата пресуда с\ уште не е правосилна, но затворениците од колонијата на строгиот режим Мелехово пишуваат дека ми подготвуваат „затвор во затвор““, напиша тој.

Loading...

Људмила Романова, комесарката за човекови права на Владимирската област – омбудсман на локалната власт – во вторникот за ТАСС изјави дека затворот има добра репутација.

Претходно во вторникот, правниот тим на Навални соопшти дека не знае каде се наоѓа Навални.

Тој е префрлен во максимално обезбедениот затвор откако неговата пресуда за новиот кривичен предмет стапи во сила, но не знаеме точно која“, изјави неговата адвокатка Олга Михајлова за Си-Ен-Ен.

„Каде точно се наоѓа, ни е непознато. Ќе продолжиме да го бараме“, заклучила таа.

Според Кира Јармиш, портпаролката на Навални, адвокатите дошле во казнената колонија да се сретнат со него, но биле известени дека тој не е таму.