Науката тврди – жените се поагресивни во зима

Сподели со своите пријатели

Најново американско истражување открива дека снежната сезона неповолно влијае на припадничките на поубавиот пол.

Loading...

Истражувачите од Универзитетот „Индијана“ наведуваат дека зимата кај жените предизвикува нагли промени на расположението и извезсен степен на агресивност.

Причината за тоа е хормоналниот механизам кој кај жените се активира под дејство на тмурните зимски денови.

Покрај тоа што многу жени ќе ја доживеат како мизогена, сутдијата се одликува и со тоа што е спроведена не над жени, туку над хрчковци.

Кај животните, кои се држат во темница, приметен е раст на мелатонин, хормон за спиење, кој влијае на работата на надбубрежните жлезди при што доаѓа до ослободување на сексуалниот стероид познат по предизвикување агресивност.

Авторката на сутдијата, ники Рендон наведува дека истражвањето помогнало на научниците многу подобро да ги сфатат хормоните и социјалното однесување на полето на кое мометално доминира расправата за тестостеронот како регулатор на агресивност кај мажите.

Студијата е објавена во списанието „Proceedings of the Royal Academy B“.


Comments are closed, but trackbacks and pingbacks are open.