НАУЧНИЦИТЕ ВООДУШЕВЕНИ: Пронајдена вода на потенцијално населива планета

Сподели со своите пријатели

Астрономите за прв пат открија вода во атмосфера на планета која орбитира во внатрешноста на населива зона на одалечена ѕвезда.

Loading...

Ова откритие ја прави планетата, која ја нарекуваат К2-18б, потенцијален кандидат за откривање на животот надвор од Земјата, јавува Би-Би-Си.

Во трудот објавен во списанието „Nature Astornomy“ пишува дека за 10 години, новите вселенски телескопи би можеле да утврдат дали гасови создадени од живи организми постојат во атмосферата на К2-18б.

Водечкиот научник, професорот Џовани Тинети од Универзитетскиот колеџ во Лондон (UCL), го опиша наодот како „воодушевувачки“.

„Ова е прв пат да откриеме вода на планетата во зона во која може да се живее околу ѕвездата на која температурата е потенцијално компатибилна со присуството на живот“, рекла таа.

Населеното подрачје околу една ѕвезда опфаќа планети на кои температурите се доволно ниски што на површината има вода во течна форма.

Leave a Reply