Научниците успешно генетски модификуваа човечки ембрион

Сподели со своите пријатели

Научниците од американскиот Универзитет во Орегон супеале да модифицираат гени од човечки ембрион.

Технологијата која ја применувале во манипулацијата на гените на човечкиот ембрион требало да овозможи развој на нови терапии за тешки вродени деформитети.

Ова не е прв пат научниците да успеат да модифицираат човечки ген, но досега никој не успеал да изведе такво нешто со таква прецизност и ефикасност.

Пред две години кинезите тврделе дека им тргнало од рака да ги заменат гените на човечкиот ембрион, но не биле 100% успешни во експериментот.

Човечките гени ги модифициравме со технологијата CRISPR која поради својат абрзина и ефикасност ќе ги помери границите во генетската медицина. CRISPR работи на принцип на молекуларни макази кои можат селективно да одвојат несакани делови на гените и да ги заменат со нови делови на ДНК – рекол директорот на Универзитетот во Портланд, Чукрат Миталипов, пренесува Индепендент.

Многу земји забраниле спроведување на сите виови истражувања кои вклучуваат генетска модификација, но на научниците во Орегон им е дозволено експерименирање се додека не користат државни пари и не развиваат во целост заменска серија на ДНК. Тие по неколку дена ги уништиле ембрионите кои ги модификувале.

Деталните резултати од истражуањето од Универзитетот во Орегон ќе бидат наскоро објавени.