НАТОЧИ ЗА МИЛИОН: Абрамович си ја наполни јахтата со гориво од еден милион евра

Сподели со своите пријатели

Јахтата „Esclipse“ која е во сопственост на рускиот милијардер Роман Абрамович, дојде по гориво во пристаништето „Груж“ во Дубровник.

Како јавуваат тамошните медиуми, Абрамович порачал 750 тони гориво, а полнење траело 40 часа. ИНА пренесува дека горивото го донеле 25 цистерни, а за тоа милијардерот издвоил милион евра.

Супердолгата јахта од 163 метра, вредна 340 милиони евра, Абрамович ја купи за новата 2010 година. Од карактеристиките на пловилото се истакнува тежината од 13.000 тони, широчин аод 21 метар, а цената на годишното одржување достигнува 30 милиони евра, пренесуваат хрватските портало.

Од дополнителна „опрема“ тука се два хеликоптери, подморница, ракетни радари, спасувачки чамци и многу други системи за безбедност.

Станува збор за втората по големина јахта во светот, произведена во 2009 година.

Рускиот милијардер и сопственик на фудбалскиот клуб „Челзи“.

Loading...