„НАТО не бара конфликт со Русија, но ќе ја помога на Украина како и досега“

Сподели со своите пријатели

Американскиот министер за одбрана Лојд Остин изјави денеска во Прага дека би било опасно да се даваат предвидувања за времетраењето или исходот на војната во Украина и дека НАТО, не барајќи конфликт со Русија, може да работи само како досега, да ѝ помага на Украина одека тоа е потребно за да ја зајакне својата позиција на бојното поле и во некои идни мировни преговори.

Loading...

„Опасно е да се даваат некои предвидувања за војната. Затоа нашата цел е да ѝ помогнеме на Украина да ја одбрани својата територија. Украинското раководство го има најсилниот глас овде. Не можеме да предвидиме колку долго ќе трае војната, каков ќе биде исходот. Можеме само да го направиме тоа што го направивме досега, да ја поддржиме да биде посилна на бојното поле и да имаме подобра позиција во преговорите“, рече Остин на прес-конференцијата со чешката министерка за одбрана Јана Чернохова.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Полски државјанин уапсен под сомнение дека учествувал во заговор за убиство на Зеленски

Американскиот функционер нагласи дека НАТО не бара конфликт со Русија, ниту пак сака да претставува закана за неа.

„Но, нашиот одбранбен сојуз ќе ја брани секоја педа од територијата на НАТО“, рече Остин и додаде дека САД, заедно со своите сојузници, ќе го бранат правото на Украинците да живеат во слобода и да ја градат својата иднина, која Русија не може да им ја диктира.

Лојд Остин рече дека американскиот Стејт департмент ќе објави како конкретно ќе бидат насочени две милијарди долари нова помош, една милијарда за Украина, а другата за сојузничките земји кои и помагаат, вклучително и Чешка, како петти најголем снабдувач на воена помош за Киев.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Најмалку осум загинати, 25 ранети во руски напад на Украина

„Важно е дека оваа помош ќе ги зголеми инвестициите во одбраната и интероперабилноста. Земјите кои добија таква помош од САД ја искористија мудро“, рече Остин.

Министерката Чернохова предупреди дека задачата на чешката влада е и да им објасни на луѓето кои протестираат поради високите цени на енергенсите дека кризата избувна затоа што рускиот претседател Путин ја нападна Украина и се закани дека ќе ја запре испораката на гас.

„Надворешно-политичката ориентација на нашата земја нема да се промени во никој случај. Му благодарам на претседателот Милош Земан што ја има истата политика кон рускиот напад врз Украина како владата. Тој ја осуди агресијата и како врховен командант стои покрај владата и помошта за Украина. Да ги цитирам неговите зборови: „Не преговарате со терористите, туку борете се против нив“, рече Чернохова.

Loading...
ПРОЧИТАЈТЕ И:  Студентите во Њујорк протестираа за Палестина, повеќе од 100 уапсени

Чешкиот премиер Петр Фијала и претседателот Милош Земан денеска го примија американскиот државен секретар за одбрана.

Сите информации поврзани со најновите случувања со војната во Украина можете да ги прочитате ТУКА.