НАТО: Ќе реагираме доколку Русија изврши притисок врз Шведска и Финска пред да влезат во Алијансата

Сподели со своите пријатели

Сојузниците во НАТО ќе реагираат доколку Русија се обиде да изврши каков било притисок врз Шведска или Финска пред тие да станат полноправни членки на алијансата, изјави денеска генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг.

Loading...

„Незамисливо е сојузниците да не дејствуваат доколку Шведска или Финска бидат под некаков притисок“, рече Столтенберг на заедничката прес-конференција со шведскиот премиер Улф Кристерсон.

Финска и Шведска, да потсетиме, аплицираа за членство во НАТО поради руската инвазија на Украина.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Захарова: Поради воените вежби на НАТО во Финска зголемен ризик од потенцијални воени инциденти