Нов кружен тек и проширување на булеварот „Октомвриска револуција“ е еден од најкрупните проекти во Куманово кој наскоро треба да започне.
– Еден од поголемите проекти во Куманово секако е изградбата на кружниот ток и проширување на булеварот, т.е. продолжување на булеварот „Октомвриска револуција“ и изградба на нов кружен ток на точката раскрсница на булевар „Октомвриска револуција“ со улицата „Доне Божинов“, рече Димитриевски одговарајќи на новинарско прашање за актуелните проекти на кои се работи во градот.
Како што додаде тој, Спортската сала е веќе завршена и се чека само на уредување на ентериерот, работните простории, но и техничкиот прием.
Паралелно на тоа, вели Димитриевски, се работи и на реконструкција и изградба на голем број улици, а се одвиваат и реконструкции и санации на повеќе објекти, меѓу кои и училишта.
Никола Ивановски