НАСА откри нова планета со можни услови за живот

Сподели со своите пријатели

Со помош на телескопот Џејмс Веб, НАСА ја откри планетата TWA 7b, оддалечена 34 светлосни години, која има околу 100 пати поголема маса од Земјата и се наоѓа во потенцијално погодна зона за живот.

Loading...

Прелиминарните анализи сугерираат дека станува збор за млада и ладна планета, со температура од околу 49 степени целзиусови, што се вклопува во температурниот опсег каде што може да преживее живот.

Планетата орбитира околу младата црвена џуџеста ѕвезда TWA 7, опкружена со диск од прашина, објавува ABC News.

Ова е прво директно снимање на планетата од телескопот Веб, користејќи техника со висок контраст што овозможува бледи објекти да се видат покрај светли ѕвезди.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Минале 22 дена во веселната, а на Земјата се вратиле мртви (ВИДЕО)

Откритието потврдува дека телескопот може да пронајде и планети со мала маса во близина на ѕвездите и дава нови сознанија за формирањето и структурата на планетарните системи.