Наса објави чудни снимки од Црвената планета, никој не очекуваше ваква приказна

Сподели со своите пријатели

Роверoт „љубопитност“ успеал да ги зафати сјајните облаци на Марс.

Loading...

Американската вселенска агенција (НАСА) објави слики од необични атмосферски феномени на Марс снимени од роверот „љубопитност“, што ние, Земјаните, не можеме ни да ги замислиме – светли облаци во бои на виножито, кои главно се состојат од кристализиран јаглерод диоксид, наместо од вода.

 

 

 

Нашата соседна, Црвена планета е сува, ледена пустина, но во нејзината тенка атмосфера сè уште има облаци кои се формираат доволно често и влијаат на нејзината клима. Марсовите облаци се различни од оние на кои сме навикнати на Земјата, каде облаците од дожд се претежно составени од водена пареа. На Марс, облаците се состојат од мали парчиња мраз што кристализираат околу честичките од минерална прашина.

Пред две Земјини години, роверот на НАСА „љубопитност“ забележал облаци како летаат над него порано од очекуваното. Во март, кога Црвената планета минуваше низ истата марсовска сезона, еден роботски истражувач, ветеран, имал камери подготвени за опсежно истражување на небото.

Loading...

 

 

Овие слики доведоа до некои необични заклучоци за природата на атмосферските феномени на Марс, објави тимот на НАСА.

Облаците изгледаа свежо формирани и патуваа на поголема надморска височина од вообичаеното, од околу 60 километри. Температурата во тој дел од атмосферата е доволно ниска за кристализација на јаглерод диоксид.

Leave a Reply