29.03.2019 12:09

НАСА ќе ви плати 19.000 долари ако два месеци лежите во кревет

Facebook Twitter Google+

Колку и да сакаме да останеме во кревет цел ден, да гледаме телевизија и да не мора да одиме на работа, за жал тоа не е начинот на кој функционира реалниот свет и многумина од нас треба да станат, да одат на училиште или работа. Меѓутоа, пристигнуваат добри вести за оние кои сакаат да останат во ркеветот и уште за тоа да бидат платени.

НАСА неодамна објави дека бара учесници кои доброволно би останале во кревет два месеци, а за да ги наградат тие напори, ќе им исплати 19.000 долари.

loading...

Целта е да се истражат ефектите на „вештачката гравитација“ врз човечкото тело и да се види дали има корист за астронаутите кои би можеле да минат доста време во вселената.

Во овој експеримент ќе бидат вклученидве групи, каде едната ќе биде ротирана во центрифуга случајна комора со вештачка гравитација, што ќе ја слее крвта во нивните екстремитети. Другата група воопшто нема да се помера, па ќе ги обавува сите активности додека лежи, што вклучува јадење, гледање телевизија, читање, физиолошки потреби итн.

Ова е интересн експеримент, иако претпоставуваме дека во некој момент премногу време во кревет не значи дека е добро. За оние кои сепак се заинтересирани за оваа работа, можат да го посетат германскиот сајт на НАСА за деталите.


© Со преземање на содржината ги прифаќате Условите за преземање содржини
Loading...

Последни наслови

Facebook Comments