НАСА: Астероидот Апофис нема да ја погоди Земјата за 100 години

Сподели со своите пријатели

Американската вселенска агенција НАСА објави дека во следните 100 години нема шанси астероидот Апофис да ја погоди Земјата.

Loading...

Ова прашање го привлекуваше вниманието на научниците во последните 15 години и постоеше страв дека астероидот може да се судри со Земјата поради неговата непредвидлива орбита, пренесува британскиот дневен весник Гардијан.

НАСА предвиде дека овој астероид ќе биде многу близу до Земјата, најпрво во 2029 година, а потоа и во 2036 година, но беше исклучена можноста за судир со Земјата до 2068 година, која сè уште се сметаше за ризична.

Благодарение на новиот телескоп и информациите што ги анализира НАСА, астероидот Апофис е отстранет од списокот на ризични, иако на 13 април 2029 година ќе помине само 32.000 километри од Земјата, што е околу 4.000 километри поблиску од вештачките сателити што орбитираат на растојание од 36.000 километри.

Leave a Reply