Нарачал евтин Ајвон – кога пристигнал пакетот, не знаел дали да се смее или плаче! (ВИДЕО)

Сподели со своите пријатели

Тајландски тинејџер стана вирален откако нарачал евтин Ајфон преку интернет само за да добие масичка во форма на паметен телефон.

Loading...

Неименуваниот тинејџер помислил дека наишол на одлична понуда, но останал прилично разочаран кога пристигнал пакетот. Кутијата во која требало да пристигне неговиот смартфон била скоро висока како него, и затоа веднаш знаел дека нешто не е во ред.

Кога ја отворил кутијата, имал што да види.

Внатре имало масичка за кафе во форма на Ајфон. Се покажало дека тоа е негова грешка, имајќи предвид дека во описот на производот пишува дека тоа е маса.

Тајландските медиуми пренесуваат дека тинејџерот објавил на Фејсбук дека наишол на добра можност што не можел да ја испушти. Тој, наводно, напишал дека трошоците за испорака се малку поголеми, но тоа не го спречило да ја искористи можноста за „евтин iPhone“.

Се разбира – секогаш прочитајте ги малите букви пред да нарачате.

 

Loading...

Leave a Reply