Направете си природно средство за отчепување на одводите

Сподели со своите пријатели

Ако одводите не се сосема проточни, а водата од судоперот или мивалникот истекува поспоро од потренбото, не треба веднаш да посгенувате по хемикалии кои често и не се евтини, а и ужасно смрдат.

Течност која во целост ќе го исчисти одводот може да да набавите и самите. Со оглед дека е потполно природна, сипајте ја еднаш неделно, а може да ја користите и за кујната и за бањата.

СОСТОЈКИ:

кујнскa крпа

1/4 шолја сода бикарбона

1/4 шолја сол

1/4 шолја прашок за печиво

2 шолји врела вода

СОВЕТ: Како да ги отстраните дамките и непријатните мириси кои ги оставаат вашите миленици?

УПАТСТВО:

Навлечете ракавици и со крпата добро исчистете околу одводот и самиот одвод.

Во сад измешајте ја сода бикарбона со прашок за печиво. Комбинацијата на сода бикарбона и сол ќе ги стопи масните наслаги и собраната нечистотија, додека прашокот за пчиво ќе го исчисти железото. Протресете ја мешавината и половина сипете ја во одводот.

Потоа сипете врела вода и пуштете мешавината да делува околу еден час. Потоа испрете со ладна вода.

Како да се решите од мирисот на цигари во вашиот дом?

Ако оваа магична мешавина не проработела, додадете шолја сода бикарбона и шолја вински оцет. Кога ќе се измешаат прават пенлива маса кој сигурно ќе го отчепи затнатниот одвод. За најдобри резултати пуштете да делува преку ноќ за да наутро сипете врела вода.