СОВЕТ: Како да ги отстраните дамките и непријатните мириси кои ги оставаат вашите миленици?

Сподели со своите пријатели

Интеренсо е да се играте со нив, да ги шетате, но ако живеат во куќа, на секој чекор оставаат трагови во вид на дамки и непријатна миризба. Постојат начини на кои можете да ги решите и овие проблеми.

Измештајте во сооднос 50:50 вода и течен детергент, па тоа матете го со стар миксер или лажица за матење се додека не се претвори во пена. Потоа натопете го сунѓерот и истријте ја дамката која вашиот миленик ја направил и добро исушете го тепихот со фен.

Непријатни мириси

Дури и кога грижливо и редовно го капете вашиот миленик, карактеристичните мириси не може сосема да исчезнат. Сепак, можете да ги сведете на најмала мерка така што по секоја прошетка на вашето куче ќе му ги измиете шепите, како и на мачката ако се шетала надвор.

Ако влакната им се мокри од дожд и снег, ќе шират непријатна миризба и во тој случај е најдобро да ги искапете.

мИрисите особено за задржуваат на тепихоѕ, а најбргу исчезнуваат со помош на сода бикарбона или алкохолен оцет.

Сипете сода бикарбона на тепихот во тенкиот слој и оставете да стои во текот на ноќта, а наутро усисајте. Потоа измешајте половина литар оцет со три литри вода и со тоа површински исперете го тепихот, па пребришете со влажна и чиста крпа. Силниот мирис на оцетот ќе исчезне за три до четири часа.

 

Loading...