Како да се решите од мирисот на цигари во вашиот дом?

Сподели со своите пријатели

Дури и на најстраствените пушачи им пречи непријатниот мирис на цигарите кој се вовлекува во мебелот, облекат и ѕидовите. Во продолжение прочитајте неколку трикови како да го решите овој проблем.

Оцет или јаглен

Во неколку чинии ставете малку вински оцет или парчиња јаглед и поставете ги во просторијата во која се пуши. Доколку имате деца или домашни миленици, чиниите одложете ги на повисокот место во домот. Јагленот, како и оцетот го упиваат и неутрализираат непријатниот мирис.

Парфем на сијалица

Попрскајте малку со вашиот омилен паргем по ладна сијалица. кога светлото ќе се вклучи и сијалицата ќе се загрее во просторијата ќе се прошири пријатен мирист кој барем делумне ќе го прикрие мирисот од чадот на цигарите.

Природни мирисни вреќички

Во случај да почувствувате дека вашите модни детали како што се ракавиците, капите или шалот го имаат впиено мирисот од цигари, а планирате да ги носите и во текот на наредните денови оставете ги некое време на отворено нека се проветрат, а потоа ставете ги преку ноќ во пластично ќесе заедо со природни мирисни вреќички за ормарот, на пример од лаванда.

Песок за мачки

Во пепелниот ставете малку обичен или уште подобро песок за мачки. Тој потоплно ќе го отстрани непријатниот мирис од отпушоците, а и полесно ќе го исчистите пепелникот.

Сода бикарбона

Навечер пред спиење ставете сода бикарбона по тепихот, гарнитурата и по аглите на просторијата во која се пушело, а наутро тоа исчистете го со правосмукалката.

Пешкир и оцет

Првин проветрете ја просторијата, а потоа пешкирот или крпата намокрете ги со оцет, па минутка две, мавтајте низ просторијата. мирисот од цигари би требало целосно да исчезне.

 

Loading...