Направете простор надлежните да вршат дезинфекција, апелира Димитриевски

Сподели со своите пријатели

Градоначалникот на Општина Куманово Максим Димитриевски денеска преку социјалните мрежи ги повика граѓаните да го сведат движењето само за најнеопходно излегување, а притоа да направат простор екипите на ЈП „Чистота и зеленило“ да можат непречено да вршат дезинфекција.

Loading...

Екипите од денеска ќе вршат дезинфекција на јавните прометни површини во градот и приградските населби и села во општината.

– Сакам јавно да им се заблагодарам за нивниот надчовечки ангажман во оваа заедничка борба против вирусот. Ве замолувам сите да останете дома, да им направите простор да делуваат, движењето сведете го на најнеопходното излегување за набавка на храна, лекови и основни намерници за дома, не движете се во групи. Барам од вас да ја разберете состојбава сериозно и да ги почитувате мерките на општинскиот кризен штаб и владата, напиша Димитриевски на својот Фејсбук профил.

Инаку, според одлуката на Општинскиот штаб за заштита и спасување, граѓаните треба да ги отстранат непрописно паркираните возила во периодот на дезинфекција, во спротивно сами ќе ја сносат штетата ако истите бидат ненамерно оштетени при процесот.

Никола Ивановски

Leave a Reply