Нападна девојка на улица и се обиде да ја грабне, но таа храбро се спротивстави (ВИДЕО)

Сподели со своите пријатели

Храбра девојка од Филаделфија успеа да се одбрани од напаѓачот, кој се обиде да ја киднапира среде бел ден на улица.

Loading...

Инцидентот се случил во неделата наутро и полицијата го објави видеото со надеж дека ќе го идентификува напаѓачот.

На видеото се гледа неидентификуван маж како фаќа девојка одзади додека шета по улицата.

Сепак, таа веднаш започнува да се бори и да го клоца киднаперот, додека цело време вреска за помош.

Девојчето го удрило неколку пати тешко пред да се откаже и ја пушти.

После тоа, тој полека се оддалечил додека храбрата девојка трчала преку улицата во потрага по помош.

Наскоро пристигна и полицијата, која сега се обидува да го открие напаѓачот.

Сведоците велат дека девојката е многу храбра затоа што му возвратила, бидејќи тој не го очекувал тоа.

Loading...

Leave a Reply