Наместо вода, од чешмите им течело вино: Мештаните бргу правиле залихи

Сподели со своите пријатели

Како би реагирале, седите дома и одете во кујната за да земете вода, а тогаш сфаќате дека од чешмата тече вино?

Loading...

Такво нешто доживеале мештани на едно италијанско село во близина на Модена, пренесува DailyMail.

ВИНО ИЛИ ЉУБОВ: Што преферираат кумановци?

Селаните веројатно помислиле дека некоја „виша сила“ ги меша прстите кога ги пуштиле чешмите и откриле дека наместо вода од нив излегува вино!

Откако наскоро сфатиле дека виното е домашно Ламбруско Граспароса, луѓето кои живеат во Кастелветро, ​​областа Модена, почнале да полнат што е можно повеќе од тој скапоцен пијалок.

Многумина планирале да уживаат во тоа вино подоцна за време на ручекот или вечерата, покрај другите специјалитети.

Најскапото вино не е ниту италијанско, ниту француско: Ова шише вино чини 35.000 евра (ФОТО)

Подоцна се испостави дека овој бизарен, но „среќен“ инцидент се должи на „техничка грешка“ на блиската винарија Сетечани.

Loading...

Неисправниот силос го пропуштил виното во локалното водоснабдување, кое потоа го пронашло својот пат во домовите на луѓето и нивните стомаци.

Виното има поголем притисок од водата во цевките, што му овозможува брзо да се движи низ водоводниот систем и куќите, пренесуваат италијанските медиуми.

Колку долго шишето вино може да стои отворено?

Откако проблемот брзо бил откриен, техничарите ја вратие состојбата на водата во претходната состојба.

Локалните власти се извинија преку Фејсбук, при што некои локални жители изразија загриженост за безбедноста на водоснабдувањето по настанот.

Leave a Reply