ВИНО ИЛИ ЉУБОВ: Што преферираат кумановци?

Сподели со своите пријатели

Денот на виното или Денот на вљубените беа двата понудени одговори на прашањето „Што ќе прославувате утре?“ на последната анкета која ја спроведовме на нашиот профил на Инстаграм во пресрет на денешните два празници Свети Трифун и Валентајн.

Loading...

Според резултатите испаѓа дека кумановци повеќе преферираат добро вино, отколку љубов.

Дури 73 отсто од вас одговориле дека ќе го прослават Денот на вљубените, наспроти 27% кои се одлучиле за Денот на љубовта.

Како настанал Денот на вљубените и зошто го поврзуваат со Свети Валентин?

Во бројки, од вкупно 658 лица кои одлучиле да одговорат на анкетата, вино преферираат 481, а љубов 177.

Ние ви посакуваме да ги искомбинирате и двете и да уживате во вечерта исполнета со вино и љубов, како и во претстојниот викенд.

Loading...

Следете не на нашиот Инстаграм профил за повеќе интересни анкети.

Никола Ивановски

Leave a Reply