Наместо терористи полицијата убила 12, а ранила 10 туристи (видео)

Сподели со своите пријатели

Најмалку 12 лица загинаа, а 10 се повредени кога конвој што пренесувал мексикански туристи преку западната пустина во Египет по грешка бил нападнат од армијата. Војниците мислеле дека туристите се исламистички милитанти, кои всушност и ги бркале, соопшти Каиро.

Loading...

Најмалку две од жртвите се мексикански државјани, потврди Министерството за надворешни работи на Мексико. Непознат број египетски водичи ги придружувале туристите.

Мексиканскиот претседател Енрике Пења Нието на својот твитер-профил го осуди трагичниот настан и побара темелна истрага.

Претходно истиот ден милитанти на Ансар Баит ал-Макдис, поврзани со ИСИС, на социјалните медиуми ја презедоа одговорноста за напад врз неколку египетски воени локации во западната пустина. Локалните медиуми објавија дека војската се одмаздила, нанесувајќи ѝ значителни загуби на терористичката група. Сепак, овие информација не се потврдени од египетските сили.

Министерството за внатрешни работи изјави дека заедничка сила на египетската војска и полиција спроведувале безбедносни операции во областа и пристапот на сите цивилни возила бил забранет поради ситуацијата.

Египет летово ја засили борбата против тероризмот во западната пустина. Пет египетски војници загинаа минатиот месец кога нивниот хеликоптер се урна додека беа во потрага по екстремистички борци во оазата Сива.

извор: мкд.мк

Comments are closed, but trackbacks and pingbacks are open.