Наместо да плати казна за погрешно паркирање му предложиле да посвои мачка (видео)

Сподели со своите пријатели

Наместо казна за погрешно паркирање на автомобилот во Централна Полска еден Холанѓанец добил во шега предлог од полицијата да посвои мала напуштена мачка, што тој секако прифатил.

Полициската патрола во помош ја повикале деца кои на улицата го забележале напуштеното маче. Иако тоа е работа за азили за напуштени кучиња и мачки, полицајците поради децата прифатиле мачето да го згрижат и да не го предадат во азил.

Мачето исто така привремено било во полициската станица, каде веќе чекал Холанѓанинот да плати казна за погрешно паркирање.

Полицајката, меѓутоа, во канцеларита донела и мачка, а несовесниот возач за време на испишувањето на казната не обрнувал внимание на полицајците туку само на мачката, така да полицаците во шега му понудиле за прекршокот да помине со опомена, без парична казна, а тој да го причува мачето еден час додека не го одведат во азил.

Возачот на шега ја прифатил понудата сериозно и неочекувано предложил договор: мачката да ја задржи за постојано.

Мачката добила име Сара и од неговиот дом сега редовно во полициската станица пристигнуваат известувања и фотографии како таа напредува.


Comments are closed, but trackbacks and pingbacks are open.