Наместо да ги приведе поради кражба во маркет, полицаец ја стави хуманоста пред професијата

Сподели со своите пријатели

Наместо да уапси две жени кои краделе намирници во супермаркет, полицаец од Масачусетс купил подарок картичка со свои пари за да можат да ги купат сите потребни намирници.

Loading...

Полицаецот Мет Лима добил повик од супермаркетот „Stop&Shop“ во кој му било кажано дека две жени биле снимени на камера кои криеле намирници во торбите што не ги пријавиле на каса.

Жените кои со себе понеле две мали деца биле запрени набргу по излегувањето од продавницата.

Полицаецот Лима има и две девојчиња на слична возраст, па затоа му било непријатно што морал да приведе две жени.

За да не слушнат децата ништо за тоа што се случува, тој повикал една од жените од страна и прашал што се случило.

Жената му објаснила дека е вработена, но дека нејзината пријателка, мајка на децата, нема работа и има други семејни проблеми.

„Таа само сакаше да им донесе на децата нешто за Божиќна вечера“, изјави полицаецот Лима за Си-Ен-Ен.

Loading...

Кога ги проверил нивните торби, се уверил дека земале само храна.

Тој сфатил дека на ова семејство му треба помош и наместо да ги уапси, им напишал предупредување на двете жени и купил подарок картичка за друг супермаркет за да можат да пазарат.

Оваа реакција на полицаецот Лима предизвика порој од пофалби на социјалните мрежи.

Leave a Reply