Намалување на криминалитетот и сообраќајните незгоди во Куманово

Сподели со своите пријатели

Намалување на криминалитетот, сообраќајните незгоди, нарушувањето на јавен ред и мир е забележано во првата половина од 2017 година, информираше денеска командирот на Полициската станица од општа надлежност Куманово, Игор Митевски на 70-та седница на Советот на Општина Куманово.

Криминалитетот бележи намалување од 19,1% во однос на истиот период во 2016 година, а пад од 12,4% се бележи на нарушувањата на јавниот ред и мир. Сообраќајните несреќи исто така биле во помал број и тоа за 8,7%.

Во текот на првите шест месеци од годинава биле регистрирани вкупно 573 кривични дела, додека половина од нив, односно 53% биле реализирани. Од вкупниот број реализирани кривични дела граѓаните претрпеле материјална штета во износ од 59 милиони денари. Полициската станица до Општа надлежност Куманово поднела вкупно 280 кривични пријави против против 383 физички лица.

Најмногу преднии класичниот криминал со вкупно 541 кривични дела, додека со значително помалку е економскиот криминал. Во првата половина од годинава, кумановската полиција открила 22 кривични дела од областа на економијата, што претставува намалување од 2,9 пати во однос на истиот период лани. Намалување бележи и недозволената трговија, и тоа за 3,1 пати. Годинава е поднесена и една кривична пријава за поттикнвуање верска омраза, а тоа е случајот со симнувањето на државно знаме од јарболот во центарот на градот.

Јавниот ред и мир бил нарушен во повеќе наврати. Поднесени се вкупно 211 прекршочни пријави по тој основ, од кои најмногу, односно 74 за физички пресметки.

Се случиле 199 сообраќајни незгоди во првата половина годинава, што е намалување за 8,7%, а 623 кумановци останале без право да управуваат патнички возила на одреден период. Полицијата повела вкупно 1.506 барања за поведување прекршочна постапка против несовесните возачи.

Во однос на рпевенцијата, како што информираше командирот Митевски, спроведени се неколку акции и проекти, кои ќе продолжат да бидат реализирани и во наредниот период. Станува збор за проектите „Безбедни училишта“, „Празниците зближуваат“, „Спорт да, дрога не“, а биле одржани и две трибини и низа соседски патроли.

Извештајот на Полициската станица од Општа надлежност беше усвоен со 16 гласа за и 11 воздржани.