14.01.2020 08:17

Намалена видливост на патот Куманово – Крива Паланка

Facebook Twitter Google+

Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по наместа влажни коловози.

Како што информираат од Автомото сојузот, намалена видливост поради појава на магла од 50 до 100 метри  има на патните правци Велес – Катланово, Куманово- Крива Паланка и Виница- Берово.

loading...

Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини, од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.

АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има појава на утринска магла и можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.


© Со преземање на содржината ги прифаќате Условите за преземање содржини
Loading...

Последни наслови

Facebook Comments