Намалена видливост кај Страцин и влажни коловози низ Македонија

Сподели со своите пријатели

Сообраќајот на сите патишта во државата се одвива по влажни коловози, на кои има остатоци од кашест снег, јавува АМСМ.

 Намалена видливост поради магла има на Страцин до 50 метра, додека интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен.

На граничните премини нема подолги задржувања за влез и за излез од државата.

АМСМ препорачува исклучително внимателно возење, прилагодена брзина на движење и почитување на поставената сообраќајна сигнализација.

Посебно внимание е потребно на делниците кои минуваат низ клисурите и засеците, особено на патните правци Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Гостивар – крак Маврово, Демир Капија – Удово, Кочани – Делчево и Виница – Берово, каде е можна почеста појава на одрони.


Comments are closed, but trackbacks and pingbacks are open.