Најзагрозеното племе во светот се бори за опстанок (ВИДЕО)

Сподели со своите пријатели

Организациите за заштита на животната средина предупредуваат дека племето Ава може да биде целосно уништено, затоа што нападите на дрвосечата стануваат почесто и прашање на време е кога ќе се случи „геноцид“.

Loading...

Директорот на организацијата „Сурбајвел интернешенл“ Стивен кори предупредува дека досега дрвосечачите убиле доста членови на племето, како и дека многумина присилиле да излезат од шумите.

Племе од Нова Гвинеја изолирнао од светот: Сите се канибали, но многу љубезни кон непознати (ВИДЕО)

Масовната сеча на шумата го загрезува племето Ава уште од 1982 година кога изградбата на железницата преку нивната територија овозможила побрз приод на дрвосечачите.

– Претседателот на Бразил Жаир Болсонаро и неговите пријатели во дрвната индустрија сакаат целото племе да биде елиминирано, изјавил Кори и оценил дека само глобален протест стои измеѓу племето Ава и геноцидот.

Опасното изолирано племе ја поштедело оваа жена, дури им станала и пријател (ВИДЕО)

Припадник на соседното домородно племе Гуајајара, која има за цел заштита на изолираните автохтони народи, успеал минатата година воа вгуст да направи снимка на која се гледа исплашен член на племето Ава.

– Немавме дозвола од Ава за снимање, но знаеме дека е важно да се користат овие слики, бидејќи ако не ги покажеме ширумс ветот, дрвосечачите ќе ги убијат припадниците на племето, изјавил авторот на снимката.

Loading...

Членови на изолирано племе убија американски турист

Додека од поголемиот дел од членовите на племето стапил во контакт, за некои се знае дека се уште живеат без комуниакција во областа на прашумата која бргу се уништува, соопштува Сурвајвел интернешнл.

Според информациите на британските медиуми третина од територијата на Ава целосно е уништена, па поради сечата и бучавата растеретен е живиот свет, поради што племенските ловци имаат големи проблеми да ги прехранат семејствата.

НЕВЕРОЈАТНО ОТКРИТИЕ: Дрон сними изолирано амазонско племе (ВИДЕО)

Алармантен е податокот дека од 2000 до 2011 година вкупно 550 припадници на племето извршиле самоубиство, додека стотици биле убиени во насилни конфликти околу поделбата на земјата. Останале уште 450, а над 1.000 шумокрадци постојат на тој дел од територијата, пишува АП.

Фото: YouTube/Screenshot/Guardian News

Leave a Reply