Највисокиот песочен замок: Овој замок тежи скоро 5 тони

Сподели со своите пријатели

Овој песочен замок е висок 21,16 метри и ќе се објави во Гинисовата книга на рекорди.

Loading...

Неодамна заврши фестивалот на замоци од песок во данскиот град Блокус, а победата ја освои замокот за кој беа потребни 4,8 тони песок.

Со својата висина од 21,16 метри, овој замок го сруши претходниот рекорд, кој го држеше замок од песок во Германија, висок 17,66 метри.

 

 

Освен што постави нов рекорд, неверојатен факт е дека 30 уметници учествуваа во неговото создавање. Тим уметници работеа на резбата и на сложените форми.

За да имаат стабилна основа при резба на замокот, уметниците користеле дрвена конструкција, а по завршувањето на фестивалот, замокот бил покриен со слој лепак за да може да ги издржи зимските услови.

Loading...

Leave a Reply