Најскапото шише виски продадено за 1,1 милиони долари

Сподели со своите пријатели

Најскапото шише виски продадено е во Шкотска за вртоглави 1,1 милиони долари во Единбург и тоа досега е најскапото шише некогаш продадено на аукција.

Шишето виски „Makalan Valerio Adami“ од 1926 година го купил приватен колекционер од Азија кој телефонски ја дал понудата, пренесува CNN.

Со ова е урнат претходниот рекорд кога аукциската куќа „Бонамс“ продала уште едно шише од истиот алкохолен пијалак за нешто над милион долари во Хонг Конг. Вискиот било во буре шест децении пред флаширањето во 1986 година. Експертите го нарекуваат „свет грал“ на сите виски поради квалитетот, вредноста и бербата.

Најпознатото виски во светот всушност го измислил роб

Loading...

– Најсериозните светски колекционери на виски трпеливо чекаат многу години на пазараот да се појави такво шише, наведува во соопштението сомелиерот за виски во Единбург, Мартин Грин.

Претходниот сосптвеник шишето ја купил од дестиларијата „Макалан“ за непозната сума во 1994. година.

Оваа шише е дел од лимитирано издание од 24 шишиа чии етикети се дело на поп артистите Валериј Адами и Питер Блејкер.

Leave a Reply