16.05.2019 11:24

Најскапо кафе во светот – 75 долари за една шолја


Во понудата на калифорниските кафулиња од скоро се наоѓа и најскапото кафе во светот по цена од 75 долари за шолја, јавува АП.

Кафулето „Клач кофи Ростерс“ во своите ограноци во Јужна Калифорнија и Сан Франциско во понудата има ексклузивно „Елида Натурал Гејш 803“ кафе, кое според нив, е најскапо вос ветот.

loading...

Бројот 803 во името на кафето ја означува рекордната цена која е платена за фунта органско зрнесто кафе на акција во панама. Поради ограничената понуда избила вистина „војна“ во надметнувањето за ретката „Арабика“ од Панама која има цветен вкус на чај налик јасмин.

Во продажба имало само 100 фунти, т.е. 45 килограми кафе, од што најмногу завршило во Јапонија, Кина и Тајван. Според сајтот Клач кофи Ростерс, кафулето купило 4,5 килограми, што според нивното објаснување е доволно за 80 шолји кафе.

– Бев изненаден дека воопшто постои каф еод 75 долари за шолја, но е изненадувачки добро, рекла Лорен Свенсон, една од муштериите кои пробале од т.н. најскапо кафе во светот.


© Крадењето авторски содржини е забрането со закон. Преземањето на текстови и изјави во авторска сопственост на порталот Кумановски Муабети е дозволено делумно, со задолжителен хиперлинк до содржината која се пренесува. Секое преземање фотографија означена со лого, без претходна согласност со Кумановски Муабети, е строго забрането!

Последни наслови

Facebook Comments