Најскапиот тост во светот: авокадо, рукола, кромид и сто тоа прелиено во ЗЛАТО (ВИДЕО)

Сподели со своите пријатели

Најскапиот тост во светот беше претставен на Неделата на уметноста во Берлин – скулптура од лиена во злато вредна дури три милиони долари!

Loading...

Авторот на ова дело, Тим Бенгел, искористил вистински тост од авокадо како шаблон и направи 27 тридимензионални модели на поединечни парчиња сендвич – пет парчиња авокадо, пет парчиња домати, десет листови рукола, пет прстени кромид и две половини печиво.

Потоа секое парче го полеал во 18-каратно злато и повторно го составил во сендвич. Скулптурата тежи нешто повеќе од 11 килограми, а германската галерија „Ротер“, преку која се организира продажбата, дизајнираше кутија вредна 47.000 долари за овој златен тост.

 

 

Бенгал рече дека овој „тост е статусен симбол на милениумската генерација, што претставува богатство, кондиција, статус и здрав начин на живот“.

Тој го поврза своето уметничко дело со митот за кралот Миди, кој сѐ претворил во злато со допир, за на крајот да умре од глад.

Loading...

Слично се случува и во денешниот турбо – капитализам, кој во својата алчност за профит уништува се – рече Бенгел, кој се прослави со своите ексцентрични настапи.

За Берлинската недела на уметност, пред две години, тој изгради градина во форма на череп од грмушки и надгробни споменици, а неговиот златен тост од Европа наскоро ќе отпатува за САД, каде што ќе гостува на Неделата на уметност во Мајами.